Куп: Полуфиналето го играме во 17:00 часот

🔷️Позната е саатницата за полуфинале на црвено-црните дами во Купот на Република Македонија.
🔷️Натпреварот на завршниот Ф-4 турнир против екипата која го брани трофејот, тимот на Ѓорче Петров-ЖРК ќе се игра со почеток во 17:00 часот. Овој натпревар се игра во петок, 30.мај во салата во Радовиш. Нашиот дуел е прв после завршувањето на истиот ќе се игра другото полуфинале помеѓу Металург Автокоманда и екипата на Чаир Скопје.