Skip to content
Дома » Вести » Го задржуваме „костурот“, остануваат 4.младински репрезентативки, и поголем дел од тимот

Го задржуваме „костурот“, остануваат 4.младински репрезентативки, и поголем дел од тимот

    Како што до сега известивме, договорите ги продолжија Василевска Симона и Илиќ Андреа, двете најискусни во тимот, и едни од главните „алки“ во минатата сезона. Покрај нив успеавме да го задржиме поголем дел од тимот, односно задржан е костурот на екипата и за следната сезона. Со дел од девојките имаме нови договори со дел остануваат на сила претходните со заедничка согласност.

    И во новата сезона четири девојки кои се дел од младинската македонска женска селекција ќе бидат дел од црвено-црните. Станува збор за Вероника Ѓорѓиевска, Нина Попова, Радевска Бојана и Миленкоска Леона.

    Пикерското дуо останува и во ова сезона, па покрај Попова останува и Михаела Велјановска. Девојката која имаше одлична сезона како дебитант во нашиот тим, Нина Милевска исто така ќе биде дел од вардаровиот состав. Покрај нив продолжуваме заедно и со одличните: Дафина Соколовска и како и сестрите Ива и Ивона Кимовска.