Skip to content
Дома » Вести » Договорено ново квалитетно име, младинската репрезентативка Богоевска Сара

Договорено ново квалитетно име, младинската репрезентативка Богоевска Сара

    Во овој летен период полека го формираме ростерот за идната сезона на црвено-црниот колектив. Имаме договорено ново име за настап во идната сезона, станува збор за квалитетен млад 19.годишен играч, член на македонската младинска селекција кој вчера беше дел од тимот кој го совлада САД на воведниот дуел од Светското првенство.

    Богоевска Сара, доаѓа од тимот на ЖРК Куманово во нашите редови, овој одличен играч ќе ја засили надворешната линија на тимот. Станува збор за 19.бек кој настапуваше во Деспина, од каде мина во Куманово каде што имаше забележителни настапи, по кој селекторот Јанев Дарко ја повика за настап на Светското првенство за младинки.