Skip to content
Дома » Вести » Ново засилување! Најдобриот стрелец на кадетскиот Ф-4, Голабоска нова вардарка

Ново засилување! Најдобриот стрелец на кадетскиот Ф-4, Голабоска нова вардарка

    Продолжуваме со промоција на нови имиња и во текот на денешниот ден, на позицијата среден бек ќе имаме новитет. Станува збор за девојка која пред три сезони беше најдобар стрелец на завршницата од кадетскиот Ф-4, потоа играше одлично и во сениорските лиги.

    Ново засилување за црвено-црните е Голабоска Марија еден од топ-3 стрелците на тимот на Стружанка кој во новата сезона ќе биде дел од нашиот тим. Изминатата сезона одигра одлично во лигата и Купот, дури беше избрана за „ѕвезда на 5.коло“ од специјализираниот сајт 24.ракомет, а беше номинирана уште неколку пати поради одличните перформанси. И посакуваме добродојде и успешна заедничка соработка.