Skip to content
Дома » Вести » Ново име во тимот, Попова Јасмина од Чаир минува во нашите редови

Ново име во тимот, Попова Јасмина од Чаир минува во нашите редови

    Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи за кои веќе објавивме овде, на нашиот официјален веб-сајт, ја известуваме јавноста дека имаме ново име во тимот, поточно старо-нов играч.

    Во новата сезона повторно дел од женскиот ракометен клуб „Вардар“ ќе биде Јасмина Попова. Оваа девојка по напуштањето на матичниот клуб Гевгелија, мина во нашиот тим каде имаше забележителни настапи. Во еден период од кариерата по заминувањето од црвено-црните беше дел од три скопски суперлигаши. Од екипата на вице-првакот Чаир, младата 22.годишна гевгеличанка се враќа во нашиот тим. Се надеваме дека ќе биде големо засилување, таа напредуваше на ракометен план изминатите години и е во полна ракометна зрелост што беше причина за ангажирањето на овој бек.

    Се надеваме на брза адаптација бидејќи веќе беше дел од нашиот колектив го познава системот на игра и дел од ростерот, а во новата сезона ќе игра и со својата сестра, младинската репрезентативка која исто така го продолжи договорот со нашиот тим, Попова Нина.