Платон: Настапот на Ф-4 во Купот е предизвик сам по себе

🔴⚫️ ЖРК Вардар утре, петок ќе настапи во полуфиналето на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. Со почеток во 17:00 часот ќе се соочиме со тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. По вчерашната изјава на капитенот, денес ви носиме очекувања на тренерот на црвено-црните, Платон Анжела.
🔷️ Пласманот на завршниот Ф-4 турнирот во Купот на Македонија беше наша цел и план на почетокот на сезоната, истото успешно го остваривме. Учеството на завршницата на која се наоѓаат најдобрите четири екипи во ова натпреварување треба да биде предизвик сам по себе за девојките. Верувам дека тимот ќе го пружи и прикаже својот максимум, ќе прикажат добра игра и борбеност на престојниот натпревар.
👉Кога сме кај расположливите играчи кои ги има во ростерот за овој натпревар кормиларот на црвено-црните вели:
🔷️ Ситните повреди се дел од спортот, особено посебно во ракометот. Сепак се надевам дека моите девојки ќе “стиснат заби” и ќе дадат максимумот за да ја завршат сезоната до крајот- дополнува Платон.