Skip to content
Дома » Вести » Уште едно засилување, Неделковска Нина нов играч на Вардар

Уште едно засилување, Неделковска Нина нов играч на Вардар

    Тимот за идната сезона полека го добива својот лик, веќе известивме за продолжените договори и трите новите имиња, Попова, Голабоска и Богоевска. Со задоволство соопштуваме дека во нашиот тим има нова, четврта ракометарка која е ангажирана.

    Најново засилување е Нина Неделковска која минува во нашите редови од екипата на РК Скопје 2020, претходно играше и во тимот на Шампион во сениорска конкуренција. Потпишан е едногодишен договор со новото име. Станува збор за млад и перспективен играч кој има одлична сезона зад себе. Беше во врвот на листата на стрелци во минатиот тим, на неколку дуели беше најистакнат стрелеци и поединец. Во рамки на изборот за „ѕвезда на колото“ на специјализираниот ракометен сајт 24.ракомет беше избрана за најкорисен играч на 6.рунда од изминатата сезона. Со неа добиваме на квалитет и „ширина“ во ростерот.