Леона Миленкоска и Мила Ристовска се најдоа во најдобриот тим на сезоната во Супер лигата, според изборот на „24Ракомет“

Традиционално, секоја година, реномираниот портал, 24 ракомет, прави избор на најдобриот тим во женската Супер лига.
Читателите на „24 ракомет“ повторно имаа можност да гласаат и така да го изберат АLL STAR тимот. Во истиот место имаше за две наши ракометарки. Леона Миленкоска доби најмногу гласови во изборот за најдобро лево крило, додека Мила Ристовска е прогласена за најдобра млада ракометарка.
Миленкоска беше најдобар наш стрелец изминатава сезона, и една од најефикасните играчи во целото првенство, додека Мила Ристовска заслужено го понесе признанието за најмлада надежна ракометарска, која со кадетките успеа да ја одбрани титулата во првенството.
Клубот им честита на двете наши ракометарки, кои и во новата сезона ќе ги гледаме во црвено-црниот дрес.