Вардар убедлив, 49-ка за Астибо

🔷ЖРК Вардар одиграа одличен натпревар и како домаќин ја совладаа убедливо екипата на Астибо со оваа победа 49-27 се вративме на позицијата број 4 на табелата.️




🔷️Црвено-црните дами тргнаа фуриозно на стартот, во одбраната беа одлични, на голот Галачева Марија впишуваше одбрани, тоа во нападот беше наградено. Па во 7.минута имавме пет плус по погодокот на Миленкоска Леона за 6-1 од крило. Ривалот успеа делумно да се врати во мечот и во 14.минута намали на 9-6. Вардарки по овој краток период повторно тргнаа во зголемивме на предноста па во 18.минута за прв пат имавме плус седум со два врзани погодоци на Голабоска за при 15-8.








Истиот играч беше и стрелец кога ја пробивме двоцифрена граница при резултат 21-11 во 24.минута. На одмор заминавме со резултат 26-15, постигнат на 15.секунди до крајот на првиот дел кога нашата Нина Милевска погоди ефективно.






.🔷️Вториот дел не донесе ништо ново, црвено-црните дами доминираа на теренот во салата Круме Кепески. Во одбраната бевме одлични, нововлезената Вероника Ѓорѓиевска нижеше одбрани во нападот имавме брзи трансформации и лесни погодоци па разликата постојано раснеше. Доби прилика за игра речиси целиот ростер и сите одиграа одлично. Победата дојде на овој последен домашен натпревар 22.повеќе односно со резултат 49-27. Галачева и Ѓоргиевска се истакнаа со по 10.одбрани. Кај стрелците Миленкоска повторно издоминира со 9гола, а Галечева постигна 6 погодоци.









🔴⚫️Вардар: Трифуноска 5, Кимовска 2, Ј.Попова, Тодоровска 5, Балоска 3, Н.Попова 1, Неделковска 3, Голабоска 6, Илиќ, Галачева 10.одбрани, Ристовски 5, Франгоска 2, Миленкоска 9, Ѓорѓиевска 10.одбрани, Милевска 4 и Соколовска 4🥅