Новеска го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните Европски олимписки игри

Селекторот на женската ракометна селекција Ж17 го објави поширокиот список на ракометарки за претстојниот Европски олимписки младински фестивал Скопје 2025.
Нашиот стратег, Даниела Новеска, која е назначена за нов селектор на кадетската репрезентација на Македонија, на поширокиот список ќе смета на 49 ракометарки на првиот собир, по што ќе има кратење и ќе се знае конечниот список на ракометарки кои ќе ја претставуваат Македонија на олимписките игри.
На поширокиот список се најдоа и ракометарки од Вардар. Повикани на првиот собир се: Симона Миноска, Ноели Ангелов, Драгана Тодороска, Сара Ристовска, Елена Балоска, Мила Ристовска, Мила Николоска, Ивана Трифуноска, Јована Павиќевиќ, Јана Стојанова и Мила Манева.
Нашата ракометна селекција е дел од групата Б заедно со селекциите на Исланд, Норвешка и Швајцарија.