Пикерското трио и идната сезона во “акција”

🔷️Црвено-црните успеа да ги задржат сите три девојки кои играат на позицијата пикер во сениорскиот тим. Управата имаше задоволство да им предложи, а тие прифати и во новата сезона да бидат дел од вардаровиот женски колектив.
🔷️Вардар и во новата сезона може да смета на првата опција Нина Поповa за “кружен напаѓач”. Младата и перспективна Велјаноска Михаела ќе биде втората во триото, а искусната 22 годишна Кимовска Ива со продолжувањето на соработката го формира триото кое ќе понесе товар на најборбената позиција во ракометната игра.
🔷️Како што вчера објавивме покрај пикерите ги задржавме и четири голмани за идната сезона.