Вардар со водство на полувреме, Чаир не совлада со пресврт

🔷Вардар, денес гостуваше кај Чаир, на еден натпревар во кој на двата тима им припадна по еден период бевме поразени со резултат 38:32 (16:20).️

🔷️На ова последното гостување во плеј- офот бевме далеку подобри во првиот дел. Ние диктиравме темпо, почнавме постепено да градиме предност во однос на чаирчанки. На 12.минути до крајот на првиот дел имавме три плус, при резултат 9-12. Одлично ги одиграа девојките преостанатите минути од првиот период. На одмор заминавме со предност од четири погодока во наша корист, на семафорот во Чаир стоеше 16-20 за црвено-црните дами за време на паузата.

🔷️Во вториот дел домаќинот полека успеваше постепено да ја намалува нашата предност. Во 41.минута дојде до резултатска симетрија кога Чаир успеа да изедначи на 23-23. Ние се обидуваме да се вратиме во позитива ама не успеавме. Победата ја оствари на оваа последна средба од плеј-офот, тимот на домашниот ЖРК Чаир Скопје со резултат 38-32. Кај нас Голабоска, Тодоровска и Трифуноска со по пет гола беа први стрелци.

🔴⚫️ Вардар: Трифуноска 5, Кимовска 3, Ј.Попова 2, Тодоровска 5, Балоска, Н.Попова 2, Неделковска 3, Голабоска 5, Ристовска, Илиќ, Богоеска 6, Франгоска, Миленкоска 3, Ѓорѓиевска, Соколовска и Милевска.

👉Ова беше последен дуел од лигата, црвено-црните дами ги очекува идиот викенд настап на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија.