Skip to content
Дома » Вести » Вардар и Андреа Илиќ ја продолжија верноста

Вардар и Андреа Илиќ ја продолжија верноста

    Со задоволство известуваме дека Вардар и Андреа Илиќ ја продолжуваат верноста и Илиќ и во следната сезона ќе ја гледаме на нашиот гол.

    Андреа беше еден од нашите најдобри играчи во изминатава сезона и голман кој беше прогласена за најдобра на својата позиција, според изборот на специјализираниот сајт за ракомет „24Ракомет“ во гласањето во кое учествуваат читателите и редакцијата на 24Ракомет. На обострано задоволство со Андреа е потпишан нов договор.

    На голманската позиција останува и Вероника Ѓорѓиевска, па сигурно е дека Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе го има еден од најдобриот голмански тандем во Супер Лигата.