Skip to content
Дома » Вести » Победа кај Деспина на стартот

Победа кај Деспина на стартот

    Во првиот дуел оваа сезона Вардар гостуваше во Прилеп кај Деспина. Девојките на Платон остварија победа со резултат 21-33.

    Одлично влегоа вардарки во дуелот и започнаа со водство од плус четири, односно поведовме со резултат 1-5. Домашниот тим имаше потоа свој период и се вратија во егал кога изедначија на 10-10. Сепак девојките на Платон беа повешти и поангажирано одиграа во финишот па на одмор заминаа со плус три, односно со резултат 11-14 за нас. Деспина во вториот дел се закани и дојде на гол негатива со серија 3-1 при резултат 14-15. Потоа се беше во знакот на вардарки кои наметнаа ритам и победија со двоцифрена предност, односно со резултат 21-33. Кај нас се истакнаа Миленкоска со 8 гола и Вероника Ѓорѓиевска со 9.одбрани.

    Вардар: Кимовска 2, Н.Попова 2, Радевска 2, Ј.Попова 4, Галачева, Велјаноска 1, Голабоска, Илиќ, Франгоска, Неделковска 3, Ѓорѓиевска 9одбрани, Тодоровска 6, Смилевска 1, Миленковска 8, Илиќ 6одбрани, Милевска 2 и Богоеска 2.