Skip to content
Дома » Вести » Кузмановска дел од стручниот штаб на Вардар

Кузмановска дел од стручниот штаб на Вардар

    • Во нашиот тим се засилуваме со уште едно ново име во стручниот штаб на „црвено-црните“ .

    Раководството ја ангажира младата Александра Кузмановска, која наскоро треба да се стекне со Мастер Коуч лиценца. Во тимот ќе има двојна улога оваа сезона, односно ќе работи со голманите од првиот тим, а воедно ќе ги води најмладите членови како тренер во ракометната школа на Вардар.

    Кузмановска во својата тренерска кариера има работено и на интернационално ниво, во грчкиот суперлигаш ПАОК како тренер на голмани, а е позната и како тренер кој работеше со многу млади генерации на ракометарки кои денес се дел од голем број сениорски екипи во земјава.