Skip to content
Дома » Вести » Вардарки без бодови од средбата со шампионот

Вардарки без бодови од средбата со шампионот

    Денес, eкипата на Вардар го одигра натпреварот од 3.коло во Супер Лигата, во кое беа поразени од актуелниот Шампион на Македонија, екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра во салата „Круме Кепески“ гласеше 22-35.

    На почетокот поведовме со погодокот на Богоеска за почетни  0-1, потоа противникот успеа да поведе на оваа средба. Сепак младиот тим на Вардар против актуелниот шампион се бореше одлично, на семафорот беше резултатска симетрија 5-5 по голот на Леона Миленкоска. Некаде на половината на првиот дел повторно беше нерешено, 8-8 за овој резултат погоди Дона Тодоровска.

    Вардарки имаа и шанса за два плус, Миленкоска погоди за 12-11 и имавме напад за удвојување на предноста. Во овој дел од натпреварот, неколку одлични одбрани на нашиот гол имаше Андреа Илиќ. Бевме рамноправни со гостинот се до резултат 15-15, потоа  тие имаа свои минути и на одмор заминаа со предност од 15-20.

    Во вториот дел беше се познато околу победникот, фаворитот ја оправда улогата. Нашите девојки се бореа и над своите можности, честитки за нивното залагање. Победата тимот на Ѓорче Петров ја оствари со резултат 22-35.

    Вардар: Кимовска Ивона, Соколовска, Попова Нина 1, Велјаноска 1, Јасмина Попова 4, Илиќ (12 одб), Голабоска 1, Франгоска , Неделковска 1, Радевска 1, Смилевска, Тодоровска 2, Ѓорѓиевска (4 одб), Миленкоска 9, Богоеска 1 и Милевска 1.