Кадетките убедливи со Гевгелија

Кадетките на ЖРК Вардар денес беа домаќини на Гевгелија. На оваа средба избраничките на Даниела Вељаноска дојдоа до убедлива победа со резултат 33-18 (16-7).

На оваа кадетска средба отворивме далеку подобро од ривалот, одлични бевме во одбраната, тоа во нападот беше наградено, на голот Ноели Ангелов даде придонес. Па во 6.минута по контра напад Јанева Неда стрелаше за високи 6-1, односно плус пет за црвено-црните дами. Некаде на средината на првиот дел по погодокот на Трифуноска Ивана поведовме со 8-2, клупата на гевгеличанки побара тајм-аут.

Со два гола се вратија во игра, но ние вративме со иста мерка и преку Сара Ристовска погодивме повторно за шест позитива во 19.минута кога на семафорот беше 10-4. До крајот на првиот дел на трите гола на гостите вратиме со двојна мерка и на одмор заминавме со убедливи 16-7.

Во вториот дел влеговме раскомотени со девет гола повеќе од денешниот противник во 1.коло од кадетската лига. На стартот со висока серија 7-1, отидовме на двоцифрени 15.гола предност при резултат 23-8. Се до крајот беше формалност, целиот ростер доби шанса и даде свој придонес. Победата дојде со резултат 33-18 на овој натпревар.

ВАРДАР: Петровска, Тодоровска 1, Стојанова 3, Гроздановска, Ангелов 1, Јанева 7, Петровска 1, Ристовска Сара 2, Манева 1, Николовска 1 и Трифуноска 4, Ристевска Мила 5, Балоска 5, Павичевиќ 2, Стојков и Петровска 1.