Кадетките со 59+ гола го совладаа Куманово

  • Кадетките на Вардар како домаќини во салата Круме Кепески беа доминантни и го совладаа Куманово со високи 66-7. На еден натпревар на кој доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на денешниот дуел.

Тргнавме доминантно во одбраната и нападот,од минута во минута раснеше предноста. Веќе во осмата минута водство беше двоцифрена кога Трифуноска Ивана погоди за 11-1. Серијата продолжи се до 15 плус кога со три гола во низа Сара Ристовска донесе предност со 16-1, ривалот конечно во следната акција погоди втор пат. На средината на првиот дел во 15.минута по контра атрактивно стрелаше Мила Ристовска за 19-2, клупата на гостинот од Куманово побара тајм-аут, но тоа не донесе ништо ново во тенденција на натпреварот од кадетската лига. Во 24.нинута Манева Мила донесе 30 плус при резултат 32-2 за црвено-црните кадетки. Конечните 37-02 ги постави Никовска Мила на 5.секунди до крајот на првите 30.минути.

Вториот период не се разликуваше апсолутно по ништо од првото полувреме. Продолжи нашата целосна доминација. Сите девојки кои беа во ростерот настапија и погодија на оваа средба освен голманите, Петровска и Ангелов кои пак беа одлични и дозволија само 7.гола во нивната мрежа. Победата дојде со резултат 66-07.

Вардар: Ноели Ангелов, Трифуновска 9, Стојановски 6, Балоска 6, Јанева 2, Павичевиќ 6, Мила Ристовска 9, Петровска, Ангелов Инес 3, Тодоровски 5, Николова 7, Манева 1 и Сара Ристовска 12.