Пионерките без бодови од последниот дуел во 2024
Пионерките на Вардар во последниот натпревар во 2024 година ја пречекаа екипата на РК Астибо. На оваа средба ривалот дојде до победа со резултат 19-22.
Овој натпревар во салата ” Круме Кепески” започна со наша предност со еден погодок. Гостите врзаа четири во низа и поведоа со три плус при резултат 1-4. Нашите девојки почнаа почека да се издигнуваат и да ја топат негативата. Успавеме да се вратиме на резултатска симетрија при резултат 6-6, на голот одлична беше Петровска Михаела, во напад погодуваа Грозановска и Атанасовска. Двата тима до крајот на првиот дел на овој пионерски натпревар беа околу нерешениот исход, двата тима стрелаа по пет пати во противничките мрежи па на одмор заминавме со резултат 11-11.
Втора половина од натпреварот започна сл борбена игра, двата тима постигнаа само шо два гола за седум минути ракомет кога ба семафорот беше 13-13. Конечно врзуваме два погодока и поведовме со 15-13 преку Милошевска и Тошевска. Ривалот успеа со мини серија да се врати и на шест минути до крајот дојде до изедначување 17-17. Треба да се напомене дека нашиот голман Петревска денес имаше над 15.одбрани и беше најистакнат поединец. Ривалот од Штип тимот на Астибо беше повешт во финишот и остари победа со резултат 19-22 на овој натпревар од пионераката лига.
Вардар:М. Петровска, Николовска, Вујовиќ, Гроздановска 5, Атанасовски 8, Милошевска 3, Смилевска, Вељаноска, Мајнов, Тошевска 3, Херин, С.Петровска, Маневска, Настевска и Петрушева.