Младинките со гостинска победа кај Ѓ.Петров

Младинското женско првенство продолжи викендов со дуелот помеѓу Ѓорче Петров-ЖРК и Вардар. Избраничките на Платон Анжела како гости дојдоа до победа со резултат 25:28 (11:13).

На оваа младинска средба најпрвин домаќинот отвори со водство 1-0, а потоа поведе и со 3-1. Црвено-црните успеаа да наметнат свое темпо и со серија 1-4 го преземаа водство кога поведовме со резултат 4-5. Двата тима имаа свои делови во кој беа подобри, следуваше серија 4-0 по која Ѓорче Петров-ЖРК поведе со плус три, 8-5. Потоа па вардарки беа во налет ја анулираа предноста и направија пресврт поведувајќи со 10-11. Во финишот на првиот дел не дозволивме да биде истата загрозена и на одмор отидовме со резултат 11-13.

На самиот старт на вторите 30.минути во салата “Христо Батанџиев” врзавме два погодока и прв пат отидовме на плус четири при резултат 11-15. Веќе до крајот на натпреварот не дозволивме да биде загрозена нашата предност, во игра пред се гол за гол бевме секогаш во позитива. Победата дојде со резултат 25-28 на оваа младинска женска ракометна средба. Јанева Неда со 7, Миленкоска Леона со 6 и Тодоровска Дона со 5 гола беа најефикасни каj нас.

Вардар: Трифуноска 3, Тодоровска Дона 5, Сојановска, Балоска 2, Тодоровска Драгана 1, Божиновска 1, Јанева 7, М.Ристовска 3, Франгоска, Ангелов, Николовска, Попова, Миленкоска 6, Хасановска и Соколовска.