Младинките триумфално во Илинден

Младинското првенство кај дамите денес продолжи со дуелот РК Илинден и ЖРК Вардар. Црвено-црните дами на ова гостување дојдоа до победа со резултат 25-26.

Првиот дел започна со целосна доминација на избраниците на Анжела Платон, на почетокот отворивме со серија и поведовме со високи 0-5. Бевме одлични во нападот и одбраната, предноста од пет погодоци ја чувавме со игра гол за гол па во последните 10.минути влеговме со резултат 8-13.

Во финишот успеавме да ја зголемиме позитивата на семафорот во салата “Гоце Делчев ‘ за време на паузата имавме седум гола предност, односно стоеше резултатот 11-18.

Вториот дел на ова гостување во населба Илинден мина како и првиот дел. Имавме контрола на натпреварот, постојано црвено-црните младинки имаа комотна предност од 6-7 гола во однос на квалитетниот ривал. Па така во финишот имавме шест плус, 20-26. На крајот дојде до опуштање во нашите редови и налет на ривалот, сепак успаеваме да дојдеме до победа и нови бодиви со резултат 25-26 на крајот на оваа средба. Кај нас Ристовска Мила со 6.гола беше прв стрелец, Франгоска и Трифуноска впишаа по 5.погодоци.

Вардар: Трифуноска 5, Дона Тодоровска, Стојанова 2, Балоска 2, Божиновска, Павичевиќ 2, М.Ристовска 6, Миноска, Франгоска 5, Драгана Тодоровска 2, Манева, Поповска, Миленкоска, С.Ристовска, Соколовска и Хасановска.