Новеска и Ристовска: Ќе дадеме максимум за да го одбраниме трофејот во кадетската лига

Утре во Битола ќе се одигра завршниот турнир во женската ракометна кадетска лига. Екипата на ЖРК Вардар во полуфиналето за противник ќе го има домашниот тим на ЖРК Пелистер 2012.

Во другото полуфинале ќе играат екипите на ЖРК Стружанка и ЖРК Металург .Истиов ден, на програмата се натпреварот кој ќе го даде новиот Шампион на Македонија. По тој повод разговаравме со кормиларот и капитенот на црвено-црните. За натпреварите, шефот на стручниот штаб, Новеска Даниела, ги сподели своите очекувања.

🔹️После цела година напорно одработени тренинзи кадетките на Вардар се во добра форма и сосема заслужено се учесници на Ф-4. Ова се млади девојки и најважно за нив на секој натпревар е да го подобруваат својот перформанс и да ја надоградуваат меѓусебната воиграност. Одиме на гостински терен што за домаќинот секако е една голема предност, но верувам во својот тим и очекувам да го дадат својот максимум. На вакви турнир натпревари помеѓу помлади учесници возможни се сите опции, и секако сите имаат подеднакви шанси за да го освојат трофејот.

Предводникот од клупата на крајот дополни:

🔹️Ќе бидам најсреќна кога моите играчи ќе ги почитуваат поставените задачи.

Капитенот на тимот Ристовска Мила, за утрешниот предизвик на завршниот турнир вели:

🔹️Цела сезона, од ден во ден од натпревар во натпревар напорно работевме за овој завршен Ф-4 турнир. Хемијата помеѓу играчите е главна предност на нашиот тим. Сметам дека имаме добра екипа, меѓу нас има одличен тимски дух и сите ќе дадеме сѐ од себе за да ја одбраниме титулата во кадетското првенство.