Младинките со минимален гостински пораз

🔷️ Младинките гостуваа кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. На оваа средба бевме поразени со минимални 28-27.

🔷️Натпреварот во младинската лига започна со по три гола во двете мрежи за почетни 3-3. Потоа следеа минути на домашниот тим кој со серија 6-1 отиде на плус пет при резултат 9-4. Ние се вративме полека во игра и ја топевме негативата, успеавме да заминеме на одмор со минимална негатива. За време на паузата беше 14-13 за ривалот.

🔷️Во вториот дел успеавме да изедначиме на 15-15. Сепак Ѓорче Петров-ЖРК потоа пак мина во водство со 20-18. Се обидувавме да се вратиме во игра ама сепак ривалот го исконтролира резултат и победи со гол предност 28-27. Миленкоска со двоцифрен ефект, односно 10.гола беше прв стрелец.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 2, Дона Тодоровска, Стојкова 1, Балоска 1, Божиновска, Павичевиќ, М.Ристовска 5, Миновска, Франгоска 3, Драгана Тодоровска 1, Мила Николовска 2, Поповска 1, Миленкоска 10, С. Ристовска, Соколовска 1 и Хасановска.