Минимален пораз во Куманово

🔷️Во рамки на плеј-офот, сениорската екипа на Вардар гостуваше кај тимот на Куманово во истоимениот град. Домаќинот оствари минимална победа со резултат 27-26.

🔷 Денешниот натпревар започна рамноправно, на стартот двата тима погодија по три пати за почетни 3-3. Црвено-црните дами потоа беа одлични, Илиќ на голот беше во елемент. Полека влеговме во серија и направија плус шест при резултат 5-11. Комотната предност ја зачувавме и за време на одморот, на полувреме беше 12-16 за избраничките на Анжела Платон.️

🔷️ Вториот дел на натпреварот кој се играше во салата Перо Наков продолжи како што заврши првиот со рамноправна игра, па ние четирите гола позитива ги имавме се до резултат 19-23. Следеше последната четвртина од дуелот, домаќинот атакуваше на пресврт, имаше и нелогички судиски одлуки, па противникот успеа да направи пресврт и победи со минимални 27-26. Богоеска Сара беше прв стрелец со шест гола.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 3, Кимовска 2, Илиќ, Ј.Попова, Тодоровска 2, Н.Попова 2, Неделковска 5, Голабоска 4, Велјаноска, Богоеска 6, Франгоска, Поповска, Миленкоска 2, Ѓорѓиевска и Милевска.