Само еден гол ги делеше пионерките од Ф-4

🔷️Пионерките на Вардар за жал нема да играат на завршниот Ф-4 турнир за само еден гол. Гостувавме кај РК Струга, истиот тим не победи со гол повеќе од она што ние го совладавме во Скопје и заминуваат на завршницата.
.🔷️ Избраничките на Даниела Новеска во салата Круме Кепески победија со резултат 14-13, денес противникот не совлада со резултат 15-13 и тој еден гол повеќе му донесе пласман. Оваа екипа одигра храбро во својата прва сезона во системот на РФМ, честитки за залагањето на сите девојки и стручниот тим.
🔷️ Домаќинот отвори со предност од три плус при резултат 7-4. Црвено-црните пионерки успеаа да намалат на минимална негатива и на одмор заминаа со резултат 8-7 за ривалот. Во вториот дел минавме во офанзивата изедначивме, дури и поведовме со 11-12. Домаќинот влезе во последната минута со предност 14-13, идентичен резултат како во Скопје. Во последната 40.минута Струга погоди за конечните 15-13 со кои заминаа на Ф-4. Овој натпревар беше реванш 1/4-финален дуел.
🔴⚫️Вардар: Живановска, Стамчевски, Гроздановска 2, Атанасовска 4, Милошевска 2, Смилевска 1, Вељаноска 1, Здравковска, Мајнов, Тошевска, С. Петровска 3, Маневска, М.Петровска.