Пораз кај Ѓорче Петров-ЖРК

🔷️ЖРК Вардар денес гостуваше кај тимот на Ѓорче Петров. На ова гостување кај екипата која минатото коло ја одбрани без пораз титулата очекувано бевме совладани со резултат 38-26.

🔷 На натпреварот во салата Христо Батанџиев во Волково ривалот подобро отвори и имаше плус седум при резултат ️ 9-2. Тој тренд продолжи до крајот на првиот дел па на пауза заминавме со 24-10 за ѓорчепетровки. Во вториот период бевме далеку подобри во однос на нашиот настап во првиот дел. Игравме рамноправно, дури постигнавме два гола повеќе од домаќинот кој погоди 14.пати во нашата мрежа, а ние во нивната погодивме во 16.наврати. натпреварот заврши 38-26. Кај нас Голабоска Марија со пет гола беше прв стрелец.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 3, Кимовска 3, Ј.Попова, Тодоровска 2, Балоска 2, Н.Попова 1, Неделковска 3, Галачева, Илиќ, Голабоска 6, Ристовска 1, Франгоска 2, Миленкоска 2, Ѓорѓиевска, Милевска 1 и Соколовска 1.