Младинките го одиграа последното коло

🔷Денес црвено-црните младинки беа домаќини на Металург Автокоманда, на средината од последната рунда без резултатско значење за двата тима ривалот победи со 28-30.

🔷️️Натпреварот од последното коло започна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1. Црвено-црните дами имаа делумна контрола на резултатот до 6-8. Овој натпревар немаше резултатски значај па дојде до опуштање ривалот ја зголеми предноста и на одмор замимавме со негатива од шест гол, односно со резултат 14-20 за гостинот од Автокоманда.

🔷️Втора половина на овој дуел од последното 20.коло во салата “Круме Кепески ” донесе сосема поинаков пристап на вардарки кои полека почнаа да ја напаѓаат предноста на сино-белите девојки. Некаде пред последните десетина минути дојдове на само гол негатива при резултат 24-25,

натпреварот заврши со конечни 28-30 за екипата која оваа година го освои пехарот во младинскиот шампионат. Миленкоска Леона “блесна” со 12.гола на оваа средба.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 1, Дона Тодоровска 3, Соколовска 1, Божиновска, Стојанова 1, Ристовска 4, Миновска, Франгоска 2, Драгана Тодоровска 4, Николовска, Миневска, Миленкоска 12, Попова, Павичевиќ и Хасановска