Против екипата на Ѓорче Петров, во полуфиналето на Купот

Познати се полуфиналните двојки, на завршниот турнир во Купот на Македонија. Ждрепката сакаше, Вардар во полуфиналето да игра со актуелниот освојувач на ова натпреварување, екипата на Ѓорче Петров, кој и сезонава ја одбрани титулата во Супер Лигата. Во второто полуфинале, ќе играат екипите на Чаир и Металург Автокоманда.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 30.мај, додека големото финале на програмата е на 31.мај. Завршниот турнир ќе се игра во салата „25 Мај“ во Радовиш