Пораз во полуфиналето на Купот од екипата на Ѓорче Петров

Денес на програмата е завршниот турнир во Купот на Македонија. Вардар го одигра својот натпревар, на кој загуби од тимот на Ѓорче Петров со резултат 39:18 (19:12).
По пет минути игра во салата „25 Мај“ во Радовиш, екипата на Ѓорче Петров имаше предност од 3:0, но вардарки вратија на идентичен начин, со серија од три погодоци, од кои два беа дело на Миленкоска и еден на Богојеска за израмнување на 3:3. Нашиот состав даде се од себе да му конкурира на противникот кој во текот на целото полувреме ја имаше предноста. Во 9.минута поранешниот играч на Вардар, Коларовска, му донесе водство на Ѓорче Петров оод 7:4, за ние преку Нина Неделковска да намалиме на 7:5 во 10 минута од натпреварот. Повторно противникот влезе во серија, за највисоко водство од 10:5, но ние вративме со два последователни голови на Миленкоска за намалување на 10:7. Богојеска погоди за 15:11, но до крајот на првиот дел, Ѓорче Петров успеа да се одлепи на највисоки 19:12.
На стартот на вториот дел не успеавме да реализираме удар од седум метри, а со вториот гол на Јасмина Попова да намалиме на 20:13. Прв пат во 40.минута противникот стигна и до двоцифрена предност (25:15). Немавме сили за некој поголем подвиг, на крајот екипата на Ѓорче Петров стигна до триумф со резултат 39:18.
Во нашиот состав најефикасна беше Леона Миленкоска која постигна 6 голови.