Голманскиот “квартет” продолжува и идната сезона во нашиот тим

🔷️Голманската позиција, е една од онаа која е најконстантна во изминатата сезона по прикажаните перформанси. Па затоа раководните лица во клубот им поклонија доверба да го чуваат црвено-црниот гол и идната сезона, 2025/26. Истите им се заблагодарија и ја прифатија понудата.
🔷️Нашиот квартет останува во Вардар и идната сезона⤵️⤵️⤵️
👉Тука е капитенот Илиќ Андреа, како и поранешната младинската репрезентативка Вероника Ѓорѓиевска, дуото кое го поднесе товарот изминатата сезона.Од идната сезона повторно ја имаме младата, Марија Галачева, како и талентираната Зорица Хасаноска која е на списокот на Симовски за младинската репрезентација.