Кадетките убедливи на стартот од сезоната

🔷️ Кадетките на ЖРК Вардар фуриозно ја започнаа одбраната на титулата. Во рамки на 1.коло како гости високо го совладаа тимот на ЖРК Гевгелија Југ со резултат 11:35 (6:18).
🔷️На почетокот отворивме со погодоците на Ристевска и еден на Тодоровска за воведни 0-3, ривалот погоди во 5.минута кога намали на 1-3. Повторно врзавме три погодоци и преку Павичевиќ поведовме со 1-6 во 8.минута и најавивме дека овој меч ќе мине во наша контрола на резултатот. Во 20.минута преку Стојанова успеавме да ја минеме двоцифрена граница и поведовме со резултат 4-14. На одмор црвено-црните дами заминаа со предност од 6-19.
🔷️Во вториот дел од овој дуел од првата, воведна рунда во оваа сезона во кадетската конкуренција започнавме со гол на домашниот тим по кој следеше голема серија 0-7 на нашите девојки па преку Милошевска станавме за 7-26. Се до крајот беше формалност и рутина, од минута во минута ја зголемивме предноста и на крајот победивме со конечни 11-35.
👉Честитки за Новеска и Ажиевска како и девојките за оваа победа.
🔴⚫️Вардар: Трифуноска 3, Стојанова 4, Балоска 2, Михајловска 1, Милошевска 4, Смилевска, Павичевиќ 1, Ристовска 4, Миновска, Маџовска 1, Петровска 2, Ангелов, Атанасовски 5, Тодоровска 3, Тодоровска 4 и Манева 1.