Илиќ и Миленковска со блескави партии за гостинска победа во Куманово

🔷️Вардар во 4.коло од Супер лигата како гостин одигра одлично и во дербито го добивме тимот на Куманово со резултат 29-30.
🔷️ Натпреварот започна со почетни 1-1, се играше гол за гол се до 11-11 кога на семафорот имаше дури 9.пати нерешен резултат. Куманово врза два гола и поведе со 13-11, предноста од два плус ја зачуваа и на пауза заминаа со резултат 16-14, треба да напоменеме дека црвено-црните девојки иако имаа негатива одиграа одличен прв дел на овој дерби суперлигашки натпревар.
🔷️Противникот подобро го отвори вториот дел и поведе со 20-17. Нашите девојки се бореа , но се играше гол за гол па на 12.минути до крајот имавме три негатива при резултат 27-24. Вардарки тогаш влегоа во ритам, ја затворија зоната Илиќ беше одлична. Направивме одлична серија која донесе пресвртот, во 55.минута Миленкоска погоди за наше водство со резултат 28-29. Куманово ја врати резултатската симетрија на 29-29, но Тодоровска Драгана погоди за 29-30 на две минути до крајот. Вистинска драма гледавме во последните 10 секунди, досудија судиите пенал за Куманово, Илиќ на 9.секунди до крајот со атрактивна одбрана спречи погодок, топката отиде во аут, ривалот пак упати удар и повторно Андреа одбрани шут кој ќе донесеше реми и поведовме со 29-30. Денес покрај Илиќ и Миленкоска со 8.гола во тимот на Платон се истакна.
🔴⚫️Вардар: Илиќ 10.одбрана, Трифуноска 4, Кимовска 2, Ј.Попова 1, Тодоровска Дона 5, Балоска, Неделковска 6, Галачева 1 одбрана, Н.Попова 1, Голабоска 3, Велјаноска, Ѓорѓиевска 1одбана, Тодоровска Драгана, Миленкоска 8, Поповска и Милевска.