Совладан убедливо Пелистер

🔷Црвено-црните сениорки врзаа две победи во Супер лигата. Денес како домаќини го совладаа тимот на Пелистер со резултат 29:20

🔷️️Отворивме со погодокот на Миленкоска за почетни 1-0. Ривалот врза неколку гола и поведе со 3-4, тоа беше нивно прво и воедно и последно водство на оваа средба. Илиќ врза неколку одбрани во нападот погодуваме и со серија 4-0 направивме пресврт во 14.минута на семафорот беше 7-4 за црвено-црните дами по голот од пенал на Миленкоска. Бевме сконцентриран во вториот период од ова полувреме и не дозволивме противникот да ни ја загрози предност па на пауза отидовме со резултат 16-12.

🔷️Во вториот дел исто така бевме на нивото на задачата. Сите девојки кои добија шанса дадоа одлични партии. Некаде на средината на овој период отидовме на плус седум по погодокот на Трифуноска за 22-15. Највисоката предност ја имавме на три минути до крајот кога Милевска стрелаше за двоцифрена предност, односно за резултат 29-19. До крајот видовме еден погодок, оној на гостинот за конечните 29-20 на овој суперлигашки натпревар.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 5, Кимовска 3, Ј.Попова 4, Тодоровска Дона 4, Балоска 3, Н.Попова 1, Неделковска 1, Илиќ 3 одбрани, Галабовска 1, Галачева 1 одбрана , Велјаноска, Тодоровска Драгана 1, Попова, Миленкоска 5, Ѓорѓиевска 6.одбрани и Милевска 1.