Пионерките со нова победа, совладан Спартак

🔷️Пионерките влегоа во форма, избраниците на Вељаноска Новеска и Ажиевска денес го совладаа Спартак. На натпреварот во Круме Кепески дојдовме до победа со резултат 21:12.

🔷️ На почетокот ривалот поведе два пати со два плус при резултат 1-3 и 3-5 во 8.минута. Следеше потоа тајм-аут за црвено-црните за консултации. По истиот со головите на Атанасовска и Михајловска изедначивме на 5-5 во 11.минута тоа беше последен момент да има Спартак активен резултат на натпреварот. Серијата по тајм-аут траеше се до 9-5, односно имавме 6-0. Во 18.минута за четири плус погоди Грозданоска. На пауза заминавме со резултат 11-6.

🔷 Во вториот период на овој натпревар од осмото коло тргнавме фуриозно. Веќе по 5.минути се одлепивме на недостижни осум плус, за нас Атанасовска стрелаше за️ 16-8. Се до крајот беше рутина успеавме да ја задржиме предноста и останатите победа со резултат 21- 12. Атанасовска со пет, како и Милошевска и Михајловска со по 4 гола беа најдобри стрелци, а одлична на голот особено ви првиот период беше Авџи.

❤️🖤 Вардар: Живановска, Павлевски, Михајловска 4, Гроздановска 3, Атанасовска 5, Милошевска 4, Смилевска 1, Авџи, Велјаноска, Здравковска, Мајнов, Тошевска 2, Перовска 2, Маневска, Настевска и Стамчевска.