Без бодови од дуелот со Металург

Вардар денес во Супер лигата беше домаќин на Металург Автокоманда. На оваа средба ривалот оствари победа со резултат 28-33.

Натпреварот започна со високо темпо, двата тима беа околу резултатска симетрија. Беше 2-2 по 5.минути ракомет, за нас стрелаа Николовска и Голабовска. Ривалот врза два гола и поведе со 2-4, следеше серија на црвено-црните дами па со головите на Миленковска, Николовска и Кимовска направивме предност и со пресврт поведовме со резултат 5-4. Поголемиот ростер и повозрасниот на противникот полека доаѓаше до израз па полека сино-белите почнаа да се одлепуваат на резултатски план. На одмор водеа со четири плус односно со резултат 13-17.

Вториот период донесе рамноправен натпревар, предноста на гостинот од Автокоманда се движеше околу 4-5 погодоци, се играше буквално натпревар гол за гол. Победата за противник дојде со резултат 28-33. Кај нас Галабовска Марија имаше одлична партија и со девет гола беше прв стрелец и кај нас и на целиот дерби натпревар.

ВАРДАР:Трифуноска 3, Кимовска 1, Ј.Попова 4, Тодоровски 1, Балоска, Н.Попова 1, Неделковска 4, Галабовска 9, Галачева 3.одбрани, Велјаноска 1, Илиќ 2.одбрани, Поповска , Миленкоска 4, Ѓорѓиевска 1 одбрана и Милевска.