Вардарки во низа од три победи, совладан Пелистер

■ Ракометарките на Вардар, денес гостуваа во Битола кај екипата на Пелистер. Избраниците на Платон и Кузмановска остварија победа со резултат 21:30 (11:17).

■Домаќинот поведе ние преку Трифуноска погодивме за почетни 1-1, потоа зелено-белите се одлепија на два гола предност при резултат 4-2. Црвено-црните дами успеаа со мини серија да направат пресврт и поведоа со резултат резултат 5-6, преку Нина Попова во 12.минута. од тој момент веќе домаќинот немаше ниту едно водство над нас се до крајот на натпреварот. Од минута во минута девојките н Платон успеваа да ја зголемуваат перманентно разлика над битолчанки. Вардарки влегоа во ритам и остварија предност од шест погодоци пред почетокот на вториот дел на натпреварот, на одмор заминавме со резултат 11-17 за црвено-црните дами.

■Вардарки беа далеку подобар тим на теренот и покажаа дека го контролираат натпреварот. Во вториот период на Суперлигашката пресметка во салата Боро Чурлевски доминиравме и додатно ја зголемивме предноста од првиот дел. Нашите сениорки врзаа трета победа во низа со триумф со плус девет, односно со резултат 21-30. Миленкоска со 9.гола беше прв стрелец на дуелот одигран во Битола.

🔴⚫️ Вардар: Трифуноска 3, Кимовска 1, Ј.Попова 3, Тодоровска Дона 3, Балоска, Н.Попова 2, Неделковска 2, Галачева, Илиќ, Голабоска 2, Велјаноска, Тодоровска Драгана 1, Поповска 2, Миленкоска 9, Ѓорѓиевска и Ристовска 3.