Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата
Вардарки се вратија на победите во Супер Лигата, откако денес во салата „Круме Кепески“ беа подобар тим од Пелистер 2012 кој го победија со резултат 38:20
Ниту во еден момент не беше доведена во прашање нашата победа на овој натпревар. Уште од самиот старт наметнавме брзо темпо на игра, на кое противникот не можеше да парира. Со головите на Тамара Ивановска и Бојана Коцева во 8.минута имавме водство од 5:2, додека при резлтат 9:3 со голот на Трпевска во 14 минута, тренерот на Пелистер се реши да побара тајмаут. На нашиот гол започна Вероника Ѓорѓиевска која за 30 минути на голот имаше 9 одбрани, и таа имаше своја улога во стекнатата висока предност на полувреме.
Како се ближеше крајот на првиот дел, само растеше предноста во наша корист, во 21 минута Стефаноска ни донесе водство од 12:5, додека три минути подоцна имавме и двоцифрена предност, кога резултатот гласеше 15:5, откако противничката мрежа ја затресе капитенот Трпевска. До крајот на првиот дел само ја зголемивме разликата, па така на одмор заминавме со комотни 20:7 во наша корист.
Во вториот дел шанса за настап добија и ракометарки од кадетската екипа, се работи за Дона Тодоровска и Леона Миленкоска, кои имаа свое гол шоу во овој дел од мечот. Токму со нивни голови, зголемивме на 23:8, додека во 45 минута со погодокот на Василева го зголемивме резултатот на 31:12. Во второто полувреме на голот ги видовме и Андреа Илиќ, како и Марија Галачева, кои исто така запишаа одбрани зад своето име. Последните 15 минути беа рутина за вардарки, кои славеа висока победа со резултат 38:20.
Вардар: Ивона Кимовска 1, Ивановска 5, Попова, Стефаноска 4, Галачева ( 1 одбрана), Василева 6, Велјаноска, Илиќ ( 7 одбрани), Борјана Коцева 4, Трпевска 4, Ива Кимовска 1, Тодоровска 6, Миленкоска 4, Радевска, Ѓорѓиевска ( 9 одбрани), Бојана Коцева 3.