Вардарки триумфално и со Деспина
Во претпоследното коло од Супер лигата вардарки во дуел со две различни полувремиња ја совладаа екипата на Деспина. На средбата во “Круме Кепески” против тимот од Прилеп одигравме лош прв дел и одличен втор период. Победата дојде со резултат 33-28 (16-16).
Почетокот беше релативно израмнет па така по 7.минути игра имавме само гол предност при резултат 4-3. Следеше наша серија со која се одлепивме на плус четири. Со две одбрани на Илиќ и погодоците на Радевска, Коцева Бојана и капитенот Трпевска поведовме со 7-3 во 11.минута. Немавме најдобра реализација па почна “топењето” на нашата предност од минута во минута.
Во 23.минута гостите од Прилеп направија целосен пресврт и поведоа со 11-12. Царчев повика тајм-аут и направи неколку измени. Марија Галачева која доби шанса на голот сопре две-три топки па ни овозможи ние да поведеме со 16-15 во последната минута. Противникот погоди во финишот, па на одмор се замина со резултатска симетрија, 16-16.
Вториот дел по 5.минути не донесе ништо ново беше реми 18-18. Ги затворивме приодите кон голот на Галачева која денес ја имаше најдобрата партија оваа полусезона и придонесуваше со своите одбрани да се одлепиме на плус пет при резултат 23-18. По голот на Попова од позицијата пикер во 41.минута кога дојдовме до тие пет позитива веќе се беше во наши раце. Умешно го завршивме дуелот и дојдовме до победа со резултат 33-28.
Вардар: Илиќ (4.одб), Стојчевска, Кимовска Ивона, Трпевска 8 , Бојана Коцева 3, Радевска 4, Борјана Коцева 7, Ѓорѓиевска (1.одб), Тодоровска 4, , Галачева (6.одбрани), Стефаноска 3, Велјаноска, Попова 1, Франгоска 1, Ива Кимовска, Миленкоска 2.