Skip to content
Дома » Вести » БРАВО!ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО КАЈ КУМАНОВО, ГИ МИНАВМЕ НА ТАБЕЛАТА

БРАВО!ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО КАЈ КУМАНОВО, ГИ МИНАВМЕ НА ТАБЕЛАТА

    Вардарки денес гостуваа во Куманово кај истоимениот женски тим, девојките во црвено-црна комбинација го добија дербито со храбро игра и победија со резултат 26-31.

    Првиот дел започна фуриозно, дефинитивно ова е најдобриот наш прв период на една средба. Отворивме со плус четири 3-7, потоа доминиравме во одбраната и казнуваме во нападот па на одмор имавме плус седум, односно водевме со резултат 11-18. Во вториот дел домаќинот атакуваше да ја анулира нашата висока предност, во еден момент дојде на минус три при резултат 21-24. Сепак вардарки не сакаа да дозволат изненадување и рутински ја зголемија предноста, победивме со пет плус, односно со краен резултат 26-31 за нас.

    Треба да напоменеме дека цел тим одигра одлично на оваа средба и се бореше за секоја топка. Успехот се градеше сите 60.минути во двата правци на теренот. Со оваа победа го минавме денешниот ривал на табелата во женската лига.

    Вардар: Соколовска, Илиќ (14.одбр), Бојана Коцева 4, Кимовска 1, Борјана Коцева 4, Попова 2, Радевска 2, Василева 6, Ѓорѓиевска (1.одб), Миленкоска 3, Трпевска 8, Тодоровска 1, Велјаноска, Франгоска, Милевска и Шехтанска.