Skip to content
Дома » Вести » Вардар без бодови од гостувањето кај Чаир

Вардар без бодови од гостувањето кај Чаир

    Денес во првото пролетно коло, во дербито ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на Чаир. Домаќинките дојдоа до победа со резултат 33-30 (15-13).

    Првиот дел го започнавме лошо, ривалот поведе со 3-0, преку Трпевска од пенал ја прекинавме нивната низа. Домаќинот се одлепи на плус четири при резултат 9-5, но ние се сеземавме и се вративме во игра. Намаливме на само гол негатива при 10-9, кога погоди Коцева Бојана по еден соло-продор. Таа негатива ја имавме и на минута до крајот, не погодивме за реми. Домаќинот од пенал во финишот погоди за конечните 15-13 кои беа актуелни за време на паузата.

    Во вториот дел постојано бевме околу два негатива и се обидувавме да ја анулираме се до 27-25. Ривалот со серија 3-1 во финишот се одлепи на недостижни 30-26 за нас. Дуелот заврши со резултат 33-30.

    Вардар: Илиќ (13.одбрни), Ѓорѓиевска (1.одбана), Бојана Коцева 8, Борјана Коцева 2, Радевска 1, Трпевска 8, Попова 4, Стојчевска, Кимовска, Ивановска 3, Велјаноска 1, Тодоровска 2, Симоновска, Миленкоска 4, Милевска.