Skip to content
Дома » Вести » Младинките на чекор до пехар

Младинките на чекор до пехар

    Младинките на Вардар во претпоследниот дуел од сезоната како гости го совладаа Спартак со 27-39.

    Вардарки по првиот судиски свиреж ја оправдаа фаворитската улога и тргнаа во создавање предност. Поведовме со плус пет на самиот почеток при резулта 1-6. Следеше краток период игра гол за гол, двата тима погодија по четири пати во противничката мрежа, па на семафорот беше 5-10. Од овој момент почна повторно наша доминација, па на четири гола на спартанки одговоривме со десет во нивната мрежа. На одмор заминавме со двоцифрена предност, односно со резултат
    9-20.

    Вториот дел не донесе ништо ново, црвено-црните младинки кои со оваа победа дојдоа до 33.бода и се вратија на лидерската позиција доминираа, шанса доби целиот ростер. На крајот на семафорот во Круме Кепески стоеше 27-39 за нас. Кај нас прв стрелец беше Коцева Борјана со 9.гола, голманите Ѓорѓиевска и Хасановска беа двоцифрени.

    Во последното коло гостуваме кај Ѓорче Петров, тим кој е зад нас на табелата со заостанување од три бода. Тоа е дуел за пехарот во кој влегуваме како фаворити поради високата, двоцифрена победа на есенскиот дуел во нашата сала.

    Вардар: Ѓорѓиевска 12.одбрани, Трпкова 2, Соколовска, Хасаноска 11.одбрани, Попова 4, Велјаноска 1, Коцева Борјана 9, Франгоска, Божиновска, Тодоровска 2, Радевска 3, Миленкоска 6, Милевска, Шехтанска 3, Бојана Коцева 5.