Младинките со победа на гостувањето во Илинден

Младинското првенството по еден викенд пауза денес продолжи со нови натпревари. Вардар гостуваше во Населбата Илинден кај истоимениот женски тим. Вардарки дојдоа до победа со резултат 23-29.

Отворивме на почетокот со два врзани погодоци на Миленкоска и Франгоска за почетни 0-2. Домашниот тим ја преполови нашата предност со погодок за 1-2, но веднаш со два гола Трифуноска донесе прв пат три плус при резултат 1-4. Во 10.минута имавме четири гола предност кога Миленкоска стрелаше за 2-4, по што домашниот тренер Јанев побара тајм-аут. Илинден успеа да влезе во серија и намали на еден гол во 16.минута, кога на семафорот беше 6-7 за црвено-црните младинки. Успеавме потоа да вратиме дел од позитива и на одмор заминавме со три плус, односно со резултат 11-14.

Во вториот дел влеговме фуриозно, од минута во минута разликата раснеше, бевме одлични во одбраната и нападот. Отидовме прв пат и на двоцифрена предност поведовме со 15-25. Се до крајот беше формалност, избраничките на Платон остварија нова победа, истата дојде со резултат 23-29. Миленкоска со 9 гола и Трифуноска со 7 беа најистакнати кај вардарки во офанзивата на денешниот младински натпревар.

Вардар: Хасановска, Соколовска, Франгоска 3, Смилевска 1, Бошковски, Тодоровски 2, Миленкоска 9, Трифуноска 7, Трпкова, Ангелов Ноели, Поповска, Ристовска 3, Јанева 2, Балоска 2, Стојанова и Николовска.