Новеска со селекторска функција

🔷️Денес, нашиот тренер Даниела Новеска беше назначена за селектор на кадетската У-17 женска ракометна македонска селекција.
🔷️Новеска во редовите на Вардар ја води шампионската кадетска екипа со која дојде со титулата првак оваа сезона и тоа без еден пораз или реми исход. Покрај оваа екипа таа е кормилар и на нашиот пионерски состав со кој играше во 1/4финалето. Признанието стигна брзо од РФМ кои со назначувањето ја наградија нејзината квалитетна работа. Вардар е горд што еден негов тренер е назначен за селекторската функција.