Skip to content
Дома » Вести » Пионерките останаа на 100%, падна и Овче Поле

Пионерките останаа на 100%, падна и Овче Поле

    Пионерките на ЖРК Вардар во рамки на осмиот дуел за нив во групата-А успеаа да дојдат до максимален ефект и да остварат осма победа. Избраничките на Даниела Новеска и Ружица Атанасова остварија лесна победа над Овче Поле.

    На натпреварот во салата „Круме Кепески“ дојдовме до победа со резултат 28-12 (20-04). Веќе на почетокот на првиот дел нашите девојки покажаа доминација на теренот, кога поведовме со двоцифрена предност, на почетокот стартувавме со 11-0 за црвено-црните дами. Гостинот немаше решение за нашата добра игра во двата правци и расположениот голман на нашите пионерки, на одмор се замина со 16.гола позитива односно со резултат 20-4.

    Тренерскиот двоец даде шанса на целиот ростер на пионерската екипа, без разлика на тоа и во вториот дел девојките кои беа во поле ја задржаа својата доминација во однос на противникот. Предноста од 16.гола од првиот дел беше сочувана и во вториот период на оваа пионерска средба, победата дојде со резултат 28-12. Капитенот Ристовска Сара со седум гола, и Ристовска Мила со 6.погодоци се истакнаа во нашиот колектив.

    Вардар: Петровска, Тодоровска Бисера, Гроздановска, Мила Ристовска 6, Стојанова 3, Инес Ангеловска 1, Јанева 4, Дамјановска 3, Сара Ристовска 7, Здравковска 2, Тошева, Ангеловска Ноели, Петровска, Тодоровска Драгана 1, Манева 1.