Пионерките се вратија на победите, совладан Младост 1977 со пресврт
Пионерките на Вардар, денес во салата Круме Кепески го пречекаа тимот на Младост од Богданци. Девојките на Даниела Вељаноска дојдоа до победа со резултат 17-11 (8-5).
На овој пионерски натпревар отворивме лошо, ривалот поведе со 0-4 до 5.минута. Потоа следеше тајм-аут за нашата клупа. Полека се вративме во игра и по две минути со серија 3-1 ја преполовме негатива на два гола при 3-5 по погодокот на Николовска од контра. Следеше минута одмор за тимот од Богданци кој сакаше да го прекине нашиот налет. Врзуваме три гола за целосен пресврт во 13.минута, со две контри по ред Гроздановска донесе прва предност. На семафорот беше 6-5 за црвено-црните дами. Конечните 8-5 за првиот период ги постави Атанасовска на две и пол минути до крајот. Одлична беше на голот Петровска Михаела која по негативата со четири гола од 5.минута до крајот дозволи само еден погодок во нејзината мрежа.
Вториот дел го започнавме со два гола, нашата серија која почна во првиот дел при 3-5 дојде до 7-0, по овој момент веќе се знаеше победникот. На семафорот имавме двојно повеќе погодоци, односно беше 10-5 за црвено-црните пионерки. Се до крајот беше рутина во игра гол за гол го привршивме натпреварот. Со оваа победа дојдовме до шест бода по три одиграни натпревари во пионерската лига. Триумфот беше обезбеден со резултат 17-11 на оваа средба.
. Вардар: М.Петровска, Стамчевска, Николовска, Гроздановска 3, Атанасовска 3, Милошевска 1 , Смилевска 2 , И.Вељаноска, Мајнов, Тошевска 2, Херин , С.Петровска 6, Маневска, Сребреновска, Настеска , Петрушева.