Сениорките убедливи кај Шампион

ЖРК Вардар оствари победа на денешното гостување кај екипата на Шампион. Црвено-црните девојки победија со резултат 19-37 (8-18).

На оваа гостинска средба тргнавме со негатива, домаќинот имаше две водства на почетокот, кои подоцна се покажаа како последни на натпреварот. Тимот на Шампион најпрвин поведе 1-0, а потоа и 2-1 на стартот на овој дуел. Со погодокот на Кимовска Ива за 2-3 во 4.минута го преземавме водството и истото го имавме до крајот на овој натпревар. Успеавме потоа да влеземе во серија и со голот на Неделковска Нина поведовме со четири гола повеќе при резултат 3-7. Следеше игра гол за гол, на двете страни беа постигнати по четири погодоци. Во последните 10.минути влеговме со резултат 7-11 по погодокот на Неделковска. Потоа следеа два наши врзани гола по кои за прв пат отидовме на плус шест, во 24.минута Голабоска Марија погоди за 7-13, а клупата на домашниот тим веднаш побара тајм-аут. Сепак тоа не само што не го прекина нашиот налет туку и го засили. Почнавме со резултатско одлепување и во последните 55.секунди влеговме со високи 7-18, за 11 плус погоди Франгоска. На одмор заминавме со двоцифрена предност, односно со резултат 8-18.

Вториот дел беше чиста рутина, големата предност од првиот дел отвараше само едно прашање, со колкава разлика ќе оствариме победа на ова гостување. Целиот ростер доби шанса и даде доприност за високата победа. Победата беше остарена со 19.гола повеќе од домаќинот, триумфиравме со резултат 19-37. Кај нас Кимовска Ива и Тодоровска Дона погодија по седум пати во мрежата на Шампион на овој последен натпревар од групната фаза.

Вардар: Кимовска Ива 7, Тодоровска 7, Божиновска 3, Неделковска 3, Галачева ( 9 одбрани ), Голабоска 2, Велјаноска 2, Илиќ, Богојеска 1, Франгоска 3, Трпкова 2, Кимовска Ивона 3, Соколовска ,Хасаноска ( 9 одбрани ) , Милевска 3, Смилевска 3.