Младинките без бодови од дербито

Младинското дерби се одигра во Автокоманда, вардарки гостуваа кај Металург Автокоманда. На оваа средба бевме поразени со 27-25, титулата ќе се одлучи во Круме Кепески каде ќе треба да надополниме два гола негатива.

Првиот дел изобилуваше со голема борба на теренот во салата Автокоманда. Најпрвин домаќинот поведе со 3-2 по шест минути ракомет. Кај вардарки дојде до консолидација и ја преземаа иницијативата на натпреварот. На голот одлична беше Хасаноска, па влеговме во серија. Постигнавме четири гола а примивме само еден погодок, па направивме целосен пресврт. Поведовме со резултат 3-6 во 11.минута со погодокот на Тодоровска Дона, следеше тајм-аут на сино-белите. Во 20.минута ривалот по успешно изведен пенал дојде на гол негатива, 7-8 по што нашата клупа побара минута одмор. Во последните три минути на семафорот имаше резултатска симетрија, 9-9. До крајот ние поведовме преку Миленкоска, а домаќинот врати за реми 10-10 за време на одморот.

Bтора половина од натпреварот не започна најдобро за нас, Металург поведе со два гола најпрвин со 12-10, а потоа отиде на плус пет при резултат 18-13 во 40.минута, логички клупата на црвено-црните веднаш реагираше со тајм-аут. Истиот донесе плод па со серија 1-4, во 45.минута намаливме на 19-17 со голот на Неда Јанева. Голема борба денес имаше за секоја топка на двете страни на теренот во Автокоманда, натпреварот го оправда епитетот дерби во младинската женска лига. Во еден момент домаќинот поведе со шест гола, во тие моменти нашата мисија беше максимално намалување на неговата позитива пред пролетниот меѓусебен дуел кој ќе одлучи за пехарот. Во тоа успеавме на 15.секунди до крајот од пенал Мила Ристовска намали на 26-25, ривалот потоа погоди за конечните 27-25.

Вардар: Ивана Трифуноска 5, Дона Тодоровска 5, Јана Стојанова, Елена Балоска 1, Бојана Божиновска, Неда Јанева 3, Леона Деметра Франгоска, Ноели Ангелов, Ева Трпкова, Драгана Тодоровска, Мила Николовска, Ивана Смилевска, Леона Миленкоска 8, Мила Ристовска 3, Дафина Соколовска, Зорица Хасаноска.