Очекуван пораз од Шампионот

ЖРК Вардар денес беше домаќин на Шампионот Ѓорче Петров-ЖРК, очекувано фаворитот славеше на оваа средба со резултат 23-32.
На почетокот гостинот поведе со почетни 0-2, потоа цело време ја имаше таа предност околу два до три гола. Најблиску резултатски бевме во финишот кога дојдовме на гол негатива при резултат 10-11. На пауза се замина со 11-13 за ривалот на овој натпревар. Одлична игра имаа црвено-црните дами на стартот на вториот дел од овој натпревар. Со серија 3-1 прв пат имавме реми на натпреварот при резултат 14-14. Потоа беше уште еднаш резултатска симетрија на семафорот во салата Круме Кепески во Кисела Вода при 15-15. Подоцна дојде до израз подолгата клупа на противникот и на крајот победија со резултат 23-32. Богоеска со шест гола беше прв стрелец.
Вардар: Трифуноска, Кимовска 1, Ј.Попова 2, Илиќ 9одб(1пенал), Тодоровска, Н.Попова 1, Неделковска 2, Галачева 1 одб(1пенал) Голабоска, Велјаноска 3, Богоеска 6, Франгоска, Миленкоска 5, Поповска, Милевска 3 и Ѓоргиевска.