Пионерките утре го играат клучниот дуел за Ф-4

🔷️Избраничките на Даниела Новеска се на чекор од пласман на завршниот Ф-4 турнир. Тие утре, петок 9.ма,ј го играат реванш 1/4-финалето во пионерската конкуренција.
🔷️Црвено-црните девојки гостуваат во Струга каде против истоимениот домаќин ќе го одиграат реваншот. На првиот натпревар во салата ” Круме Кепески ” најмладите вардарки кои настапуваат во РФМ лигите остварија победа со резултат 14-13, па со гол предност влеговме во овој реванш натпревар.
🔷️ Натпреварот кој ќе се игра во салата “Тими” е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути.