Ф4: Финале..Кадетките го совладаа Пелистер во 1/2финалето

Браво..Кадетките на Вардар ќе го бранат пехарот во денешното финале. Претпладнево на завршниот турнир во Битола во полуфинале то го совладаа Пелистер со резултат 20-26.
На стартот црвено-црните дами поведоа со два гола при 0-2, тимот на чии терен се играше завршниот турнир, Пелистер успеа да изедначи на 4-4. Голема борба се водеше во ова полуфинале, двата тима го посакуваа пласманот во попладневното финале. Избраниците на Даниела Вељаноска успеаа полека да минат во благо водство при 5-7, успеавме со тие два плус да заминеме на одмор, односно за време на паузата беше 12-14 за кадетките од Скопје.

Bо вториот дел бело-зеленоте успеаа повторно да се врата на резултатски симетрија и изедначија на 15-15, натпреварот беше право возбудливо полуфинале. Сепак дојде до израз храброста, одличната воиграност и желба на вардарки кои тргнаа во налет. Почнавме да ја зголемуваме предноста од минута во минута, место во финалето обезбедивме со резултат 20-26.

Кај нас во ова полуфинале, Трифуноска имаше 7 гола и беше прв стрелец, Мила Ристовска погоди 6 пати, на голот Симона Миновска имаше 6.одбрани.